Директорката на Академијата се обрати на обуката за обучувачи посветена на Постапките на судот на правдата на ЕУ и примената на повелбата на ЕУ за фундаменталните права

DSC_0280

Во рамки на соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Центарот за правни истражувања и анализа (ЦПИА), на 28 септември 2026 година, во просториите на Академијата се одржа обука посветена на постапките пред судот на правдата на ЕУ која е дел од регионалниот проект „Зајакнување на регионалната судска соработка во Западен Балкан за ефективни судски спорови пред Европскиот суд на правдата и имплементацијата на Повелбата за фундаменталните прави на ЕУ“. Овој проект го спроведуваат: Центар за правни истражувања и анализи, Civic Alliance – Црна Гора, Civil Rights Defenders – Србија и Civil Rights Defenders – Албанија, а е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

Денешната обука е прва обука од циклусот обуки кои се предвидени да се организираат и истата ја водеше д-р Аниел Пахладсинг, судија и комесар во Холандскиот институт за човекови права.

Настанот со поздравни обраќања го отворија: амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Озлем Џанел која ја потврди поддршката на Холандија во реализација на активности кои ќе ги рефлектираат потребите на правосудниот систем во Република Северна Македонија и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски која изрази благодарност за целокупниот придонес на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и ЦПИА во реализацијата на низа активности кои се значајни за унапредување на правните практичари во Република Северна Македонија. Во своето обраќање таа истакна дека Академијата останува отворена за соработка за сите актуелности кои ќе се појават во правната област, а ќе го предизвикаат интересот на судиите и јавните обвинители.

Обуките се засноваат на новите регионални програми за обука, развиени за потребите на правосудството на Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија.

Практичната примена на правото на ЕУ е исклучително важна за земјите од регионот кои се стремат кон интеграција во Европската унија, па оттука, реализацијата на обуки за навремена подготовка на судиите и јавните обвинители е клучна.