Академијата спроведе обука на тема: „Застареност на надомест на штета причинета од кривично дело“

DSC_0195

Академијата за судии и јавни обвинители согласно Каталогот на обуки за 2026 година, денес (16 септември) спроведе обука на тема: „Застареност на надомест на штета причинета од кривично дело“, која се одржа во просториите на Академијата.

Обуката беше наменета за судии и судски службеници од грагански оддели од сите апелациони подрачја на Република Северна Македонија, а истата ја спроведе Љубица Колиќ, судија, Основен граѓански суд Скопје

Обуката се фокусираше на тема за која има зголемен број на предмети поврзани со надомест на штета од кривично дело и истата е актуелна , па целта на оваа обука беше да се укаже на дилемите кои се јавуваат во судската пракса при примена на одредбите од ЗОО. Ова особено поради се почестото  истакнаување  на приговори на застареност на побарувањата за надомест на штета поврзана со кривични дела и за кои се водела постапка пред надлежниот кривичен суд. Потребата од оваа обука произлегува и поради постоење на различни толкувања на законските одредби во судската пракса  и потребата од воедначување на истата со цел да се зголеми правната сигурност  при донесување на судските одлуки.