Академијата успешно реализираше обука на тема: „Дисциплинска постапка, поведување и последици согласно Законот за судската и Законот за јавнообвинителска служба“

DSC_0189

Академијата за судии и јавни обвинители, денес (14 септември 2026 година), во просториите на Академијата, спроведе обука на тема: „Дисциплинска постапка, поведување и последици согласно Законот за судската и Законот за јавно-обвинителскаta служба“.

Обуката беше наменета за судски и јавнообвинителски службеници од сите апелациони подрачја во Република Северна Македонија, а истата ја спроведоа националните експерти: м-р Даниела Димовска, претседател на Основен кривичен суд Скопје и Анита Поп Методиева, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Штип.

 

                                         

 

 

Обуката имаше за цел да ја поттикне професионалната одговорност и интегритетот на судските службеници, преку практично разгледување на професионалните стандарди, правата и обврските на вработените, како и значењето на дисциплинската постапка во обезбедувањето на законито, ефикасно и достоинствено функционирање на судот.

Посебен акцент беше ставен на дисциплинската постапка како инструмент за превенција и заштита на професионалните стандарди, а не само како механизам за санкционирање.

Преку реални примери и практични ситуации, учесниците дискутираа за границата меѓу професионална грешка, пропуст, непрофесионално однесување и дисциплинска повреда, за начинот на препознавање и пријавување неправилности, како и за гаранциите и правата на вработениот во дисциплинската постапка.

Обуката се реализираше преку интерактивен пристап, анализа на случаи и размена на практични искуства, со цел учесниците не само да ги унапредат своите знаења, туку и да придонесат кон создавање и одржување на високи професионални стандарди во судската администрација.

Основната порака на обуката што претседателката Димовска ја пренесе на присутните е дека Дисциплината во судот не значи страв, туку дека таа значи одговорност и дека целта не е да има повеќе дисциплински постапки, туку помалку причини за нивно поведување – преку јасни правила, професионално однесување, превенција и еднаков стандард за сите. Од друга страна, јавната обвинителка Анита Поп Методиева на присутните им порача дисциплинската постапка секогаш да ја гледаат како превенција, а не како казна.