Академијата реализираше обука на тема: „Право на правична судска постапка(кривичен аспект) согласно членот 6 од ЕКЧП Борба против ситна корупција“

DSC_0065

Академијата за судии и јавни обвинители успешно реализираше обука на тема: „Право на правична судска постапка(кривичен аспект) согласно членот 6 од ЕКЧП- Борба против ситна корупција“, која се одржа денес (8 јули 2026), во просториите на Академијата, а беше наменета за за  судии и  стручни соработници од кривичните оддели и адвокати.

Обуката ја спроведоа: Ѓорѓи Андонов,  судија на Апелационен суд Штип, Ристо Бојаџиски, јавен обвнител на Виш јавно обвинителство Штип и Александар Гоџо, адвокат.

Целта на обуката беше да се продлабочат знаењата на учесниците за примената на правото на правична судска постапка во кривичната материја согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, со посебен осврт на општите и посебните гаранции, принципите што ја обезбедуваат правичноста на постапката, стандардите и товарот на докажување, како и улогата на судот во заштитата на правата на обвинетиот. Воедно, преку анализа на опсегот на член 6 и односот помеѓу меѓународниот и домашниот правен поредок, како и низ дискусија за прашања поврзани со борбата против ситна корупција, учесниците имаа можност да ги унапредат своите практични знаења за доследната примена на европските стандарди во националниата судска пракса.

Стекнатите знаења и разменетите практични искуства ќе придонесат за поефикасна и поконзистентна примена на стандардите утврдени со член 6 од Европската конвенција за човекови права во секојдневната работа на судиите, стручните соработници и адвокатите, зајакнувајќи ја заштитата на процесните права и правната сигурност во кривичните постапки.

Академијата за судии и јавни обвинители и понатаму останува посветена на организирање обуки кои обработуваат актуелни и практични теми, усогласени со европските стандарди и со реалните потреби на правосудните институции.