Академијата за судии и јавни обвинители на 4 јуни 2026 година во просториите на Академијата организираше обука посветена на темата: „Релевантни пресуди на ЕСЧП во предмети против РСМ донесени во 2023, 2024 и 2025 година“.
Обуката беше наменета за судии и јавни обвинители од сите аппелациони подрачја на Република Северна Македонија, а истата ја спроведоа: Ана Стојковиќ Димитровска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Даниела Алексовска Стојановска, судија на Основен кривичен суд Скопје.
Целта на обуката беше да се унапредат знаењата и практичните вештини на учесниците за улогата, надлежностите и постапките пред Европскиот суд за човекови права, како и за примената на Европската конвенција за човекови права во националниот правен систем, преку анализа на релевантната судска практика и најчестите повреди утврдени против Република Северна Македонија, со посебен акцент на правото на правична судска постапка и правото на слобода и безбедност, со цел обезбедување доследна примена на конвенциските стандарди, заштита на човековите права и почитување на презумцијата на невиност во судските и јавнообвинителските постапки.

