Академијата за судии и јавни обвинители на 08 мај 2026 година, реализираше обука на тема: „Примена на законската и судската рехабилитација во практика.“
Обуката беше наменета за судии за извршување на санкции и судски службеници од кривичните оддели од сите апелациони подрачја на Република Северна Македонија, а истата ја спроведоа: Лидија Зимобвска, судија на Апелационен суд Скопје и Славица Наумова Јосифовска, судија на Оснвоен кривичен суд Скопје.
Целта на обуката беше унапредување на практичната примена на законската и судската рехабилитација, како и правилно постапување при бришење на осудите од казнената евиденција преку анализа на судската пракса и актуелните предизвици во постапувањето. Во вториот дел од обуката беше даден осврт и на праксата на Европскиот суд за човекови права во однос на заштитата на личните податоци и правото на приватност.
Со реализацијата на обуката, учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења и да разменат практични искуства за поефикасна и усогласена примена на законската и судската рехабилитација во судската практика.

