Академијата за судии и јавни обвинители организираше обука на тема: „Средства за обезбедување на побарувања – претходни и привремени мерки “

DSC_0743

Академијата за судии и јавни обвинители организираше обука на тема: „Средства за обезбедување на побарувања – претходни и привремени мерки“, која се одржа на 9 април 2026 година, во просториите на Академијата.

Обуката беше наменета за судии од граѓански оддели во сите апелациони подрачја, а истата ја спроведоа: Софија Миленкова, судија во Апелационен суд Скопје и Ерол Абдулаи, судија во Основен граѓански суд Скопје.

Целта на обуката, беше преку систематска анализа на проблематиката поврзана со обезбедувањето на побарувањата согласно Законот за обезбедување на побарувањата („Сл. весник на РМ“ бр. 87/2007), да се разјаснат клучните прашања од значење за правораздавањето. Притоа, фокусот беше ставен на видовите и средствата за обезбедување на побарувањата, нивната класична поделба, како и нивната сигурност и ефикасност, со цел унапредување на примената на извршноправните механизми за заштита на доверителите.

Дополнителна цел на оваа обука беше  да придонесе кон поефикасно остварување на правната заштита на повредените или загрозените субјективни права во рамките на судските постапки, вклучително граѓанската, вонпарничната, кривичната и управната постапка.