Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски и претседателот на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство(САДУ), Благоја Ралповски на 31 март 2026 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа Колективен договор за вработените во Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија.
Со потпишувањето на овој Колективен договор, платата на вработените во Академијата ќе се зголемува етапно во следните три година за по 7% или вкупно 21% до 2028 година.
Дополнително, со овој договор се предвидува подобрување на статусот и правата на вработените, обезбедување подобри услови за работа и соодветно вреднување на трудот.

