Врз основа на член 21 став 1 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители (,,Службен весник на РМ’’ број 129/23 и 53/24), директорот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, јавен обвинител, Ирина Трајкоска Стрезоски ја свикува:
ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА ПРОГРАМСКИОТ СОВЕТ
НА АКАДМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ
која ќе се одржи на 27 март 2026 година, со почеток во 09:30 часот, со физичко присуство, со следниот Предлог:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Записник од дваесет и втората седница на Програмски совет одржана на 02.02.2026 година;
- Усвојување на Записник од дваесет и третата седница на Програмски совет одржана на 13.02.2026 година;
- Утврдување на Програма за приемен испит во почетна обука на Академијата;
- Разгледување на пријави на предавачи како дополнување на постојната листа на Академијата за период февруари-март 2026 година;
- Координација и утврдување на активности во поглед на подготовка за спроведување на приемен испит во почетната обука на Академијата;
- Разно.

