Одржано советување во Академијата на тема: „Кривична одговорност на правните лица преку дејствијата на одговорните лица и законските застапници на истите, правните лица во стечај и нивните правни следбеници“

DSC_0661

На 25 март 2026 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители се одржа советување на тема: „Кривична одговорност на правните лица преку дејствијата на одговорните лица и законските застапници на истите, правните лица во стечај и нивните правни следбеници“, на кое со присутните своите искуства ги споделија: д-р Даница Монева, јавен обвнител во Вишо јавно обвинителство Штип и Бранка Наумовска, судија на Основен кривичен суд Скопје.

 

На ова советување беа поканети судии од кривични  оддели на судовите  и јавни обвнители од обвинителствата од сите апелациони подрачја.

Целта на советувањето беше да се прикажат и појаснат законските решенија од материјална и процедурална природа, како и да се укаже на сериозноста на проблемите кои се појавуваат во практичната примена и толкувањето на законските одредби, посебно при одмерувањето на казната. Дополнително, една од целите беше и да се обработат основите на кривичната одговорност на правните лица, вклучувајќи ја и одговорноста преку дејствијата на нивните одговорни лица и законски застапници. како и да се  разгледаат и дискутираат специфични прашања поврзани со правни лица во стечај и нивните правни следбеници.