Академијата за судии и јавни обвинители на 11 март 2026 година, во просториите на Академијата организраше обука посветена на темата: „Судска заштита во врска со договор за превоз во патниот сообраќај, со посебен осврт на примена на CRM конфенцијата во судските спорови“, која беше наменета за судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја на Република Северна Македонија.
Обуката ја спроведоа: Вељанка Доневски, судија во Основен граѓански суд Скопје, проф.д-р Борка Тушевска Гавриловиќ, експерт-професор на Правен факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и д-р Горан Нациќ, експерт-адвокат.
Целта на обуката е учесниците да се запознаат со значењето и примената на ЦМР Конвенцијата во судската заштита поврзана со договорите за меѓународен патен превоз на стоки, преку анализа на нејзините основни принципи, одговорноста на превозникот, можностите за надомест на штета и ограничување на одговорноста. Преку разгледување на судската и арбитражната пракса, обуката има за цел да овозможи подобро разбирање на толкувањето и практичната примена на одредбите на Конвенцијата, како и нивните последици за превозниците, испраќачите, примачите на стоката и другите учесници во транспортниот процес.

