Известување за одржување 245-та седница на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители

logo_asjo_-thegem-blog-default

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на ден 23.02.2026 година (понеделник), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 14.00 часот ќе ја одржи 245-та седница, со следниот предлог дневен ред:

  1. Усвојување на Записници од 243-та и 244-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Усвојување на завршна сметка на Академијата за судии и јавни обвинители за 2025 година.
  3. Донесување на годишен финансиски план за 2026 година.
  4. Донесување на Стратегија на Академијата за судии и јавни обвинители за 2026-2030 година.
  5. Дополнување на листата на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители.
  6. Разно.