
Академијата за судии и јавни обвинители на сите судии во Република Северна Македонија им го честита 25 јули – Меѓународниот ден на судската благосостојба!
За прв пат, денес се одбележува Меѓународниот ден на судската благосостојба, што претставува историски момент за глобалната правда.
Благосостојбата, во поширок контекст, значи поддржан судија, кој функционира во здрава средина, каде што кредибилитетот во правосудниот систем, особено во судството, е на највисоко ниво, потоа, тој/таа е почитуван/а во средината каде што живее и дејствува, и работи без стрес, без работно оптоварување, ослободен/а од каков било притисок.