Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија

IMG_5300

Шеснаесет судии, виши обвинители, истражители, советници и обучувачи на Академијата за судии и јавни обвинители учествуваа на работилницата за подигнување на свеста за Член 3 од Европската конвенција за човекови права, како и за Надворешниот механизам за контрола. Дводневната сесија (28-29 јануари 2026 во Охрид) беше организирана како резултат на блиската соработка меѓу Одделот на Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, како и Владиниот агент на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Дискусијата се фокусираше на правната рамка, стандардите на Советот на Европа, позитивните обврски на државата за ефективна истрага – со посебен осврт на судската пракса на ЕСЧП за Северна Македонија. На работилницата се разгледуваа и предметите кои ЕСЧП ги комуницирал со надлежните власти, подвлекувајќи ја важноста на ефективните истраги во заштита на Член 3 од Конвенцијата. Овие предмети го сочинуваат најголемиот број случаи со утврдена повреда од страна на ЕСЧП, а за дел од нив се известува и до Комитетот на министрите во рамките на механизмот за известување.

Со оглед на десетгодишното постоење на Надворешниот механизам за контрола, со учесниците се дискутираше за неговите резултати и предизвици, забележувајќи ги достигнувањата и потребните интервенции кои би обезбедиле ефективна заштита на човековите права.

Текстот во целост можете до го прочитате на следниот линк:

Зголемена свеста на судиите, обвинителите како и другите чинители во Северна Македонија за Член 3 од Европската конвенција за човекови права и за Надворешниот механизам за контрола – Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје