
Телото за борба против трговијата со луѓе на Советот на Европа (ГРЕТА), објави нова тематска студија за спроведувањето на член 23(3) од Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе.
Студијата го појаснува опсегот на член 23(3) од Конвенцијата и дава преглед на неговото спроведување од страна на државите-членки врз основа на извештаите објавени од ГРЕТА.
Со истата се дава препораки за да се обезбеди подобро разбирање и спроведување во пракса на меѓународните обврски поврзани со финансиските аспекти на борбата против трговијата со луѓе.
Студијата на македонски јазик, подготвена од заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Зајакнување на активностите против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ е достапна на следниот линк: