
Судско медиумскиот совет на средба со Директорот и Заменик директорот на Академијата за судии и јавни обвинители договорија нови проекти и активности во рамки на веќе потпишаниот Меморандум за соработка. Па така, претставниците на советот и раководството на Академијата се на заеднички став дека е потребно зголемување на фондот на обуки за кандидатите за судии и јавни обвинители како и едукативни работилници за веќе именуваните функционери на судската власт.
Судиите и новинарите кои се членови на советот во иднина ќе придонесат за воведување интерактивни обуки во кои судиите и новинарите ќе разменат мислења и искуства во делот на јавна објава на пресуди кои се од интерес на јавноста со примена и на модерната технологија за пренесување на главните расправи, користење на социјалните мрежи од страна на судовите, а се во правец за поголема отчетност на судиите, методи кои веќе се применуваат во Кривичниот суд Скопје.
Академијата за судии и ЈО, пак со свои претставници ќе придонесе во обуките на младите новинари во правец на поголема едукација за применување на Законските одредби при известување од јавните судски расправи.
Денешната средба со Академијата е дел од програмската активност на Советот во правец на унапредување на соработката со сите релевантни институции кои може да влијаат на професионално зближување на новинарите и судиите се со цел подигнување на јавната доверба во правосудниот систем.
Текстот е преземен од Веб страната на Судско-медиумскиот совет: https://sudskomediumski.mk/