Судија, м-р Илир Исени одржа предавање на Панелот по повод меѓународниот ден на човековите права одржан во Кампусот на УЈИЕ во Скопје 10 декември 2024 година

Untitled 5

Во светло на одбележување на меѓународниот ден на човековите права, кој глобално се одбележува на 10 декември 2024 година, во Кампусот на Универзитетот Југоисточна Европа (УИЈЕ) беше организирана панел-дискусија посветена на човековите права и улогата на клучните правосудни институции на Северна Македонија во обезбедување на ефикасна заштита на овие права.

На овој настан се обратија низа правни професионалци и професори кои ја истакнаа важноста на заштитата на човековите права и нејзината промоција со цел подигнување на свеста кај јавноста за спознавање на правните механизми кои им стојат на располагање со цел нивна заштита.

На овој панел предавање на тема “Едукацијата на судиите и јавните обвинители како столб за гарантирање на човековите права“ одржа заменик директорот на Академијата, судија, м-р Илир Исени.

Во рамки на своето предавање тој истакна дека едукацијата претставува есенцијален елемент на профилот судија или јавен обвинител, воопшто. Доброто познавање на законите и политиките, разбирањето на клучните сегменти кои се однесуваат на човековите права, е тоа што ја прави разликата помеѓу добар правен практичар и познавач на оваа проблематика. Континуираната едукација е додадена вредност за секој судија и јавен обвинители кој сака да се гради себе си и својот професионален профил. Осврнувајќи се на низа клучни аспекти од едукативниот процес со понудени одговори на зошто едукацијата е клучна, судијата, м-р Исени, ја презентираше и Академијата чија улога е токму спроведување на професионална правна едукација.

Во академијата како единствена институција во земјата која претставува влезна точка во професиите судија и јавен обвинител, а воедно, и како единствена институција која обезбедува професионална обука на националите правни практичари, темата за човекови права се разгледува и разработува со посебно внимание, секако, притоа, имајќи ги предвид и потребите на целните групи на академијата.

Имајќи предвид колку е важно познавањето на европската легислатива и меѓународните стандарди во правните области академијата во рамки на својата широка и успешно воспоставена меѓународна соработка обезбедува разни видови на едукативни настани каде своите искуства со присутните ги разменуваат странски експерти, судии, јавни обвинители, професори, истакнати правни професионали и т.н.  Со цел националните судии и јавни обвинители да добијат појасна слика и одблиску да се запознаат со правосудните системи на другите држави, академијата ги користи отворените можности од своите странски поддржувачи и често обезбедува студиски посети во странски држави.

На крајот, судија, м-р Исени, се заблагодари на УЈИЕ за дадената можност да говори на оваа тема, истовремено, претставувајќи ја и Академијата за судии и јавни обвинители, и изрази надеж дека најдобрите студенти од правниот факултет на УЈЕИ ке ги види како слушатели во почетната обука на Академијата што поскоро.