Средба на Јавниот обвинител на РСМ Савески со директорката на Академијата Трајкоска-Стрезоски

DSC_0887

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска ја посети Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, каде со директорката Ирина Трајкоска – Стрезоски разговараше за интензивирање на соработката меѓу двете институции.

Соработката во следниот период ќе се фокусира на зголемување на можностите за обуки на јавните обвинители и на јавнообвинителските службеници за јакнење на транспарентноста и ефикасната комуникација со јавноста, но и на специјализирани стручни обуки од повеќе различни области.

Дополнително, беа договорени и заеднички активности кои вклучуваат и објава и промоција на прирачник за примена на мерката притвор низ призма на членот 5 од Европската конвенција за човекови права.