
Заменикот на директорот м-р Илир Исени на ден 05.06.2025 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители одржа работна средба со Juan Diego Ramírez-Cárdenas Díaz, Виш предавач во Европски институт за јавна администрација (EIPA).
Овој состанок ја одразува силната и долгогодишна соработка помеѓу EIPA и Академијата и се одржува во клучен момент, бидејќи Академијата ја финализира својата стратегија за институционален развој за периодот 2025-2029 година.
За време на состанокот, заменикот на директорот Исени и Juan Diego Ramírez-Cárdenas Díaz разговараа за тоа како планираната поддршка на EIPA во 2026 година би можела да помогне во спроведувањето на стратегијата.
На состанокот беше разгледана и можноста за воспоставување на соработка помеѓу Академиите на Балканот, во форма на периодична размена на добрите практики, како и за организирање на регионална конференција во која би се вклучиле и Академиите од соседните земји членки на Европската Унија.