Средба на директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски и постојаниот преставник на УНХЦР во РСМ, г. Gabriel Gualano de Godoy

DSC_0916

Директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски на 05 март 2025 година во просториите на Академијата одржа работна средба со постојаниот преставник на УНХЦР во РСМ, г. Gabriel Gualano de Godoy кој однеодамна беше именува на оваа функција.

На работната средба директорката на Академијата ја презентираше Академијата, нејзината организациска поставеност и нејзиното професионално делување. Имајќи предвид дека УНХЦР е повеќегодишен партнер на Академијата со чија помош и поддршка се реализираат голем број на едукативни настани, но исто така, УНХЦР во повеќе наврати, донирал опрема која била потребна за унапредување на работните процеси на Академијата, директорката упати голем благодарност и изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

Постојаниот претставник на УНХЦР истакна дека е запознаен за успешноста на соработка помеѓу Академијата и УНХЦР. Според него, Академијата е клучна институција во правосудниот систем на РСМ за градење и унапредување на владеењето на правото преку продуцирање на професионални и независни судии и јавни обвинители.

На средбата беа разгледани можностите за продолжување на реализација на едукативни активности, а дел од нив е спроведувањето на обуките за бегалското право и азилот.

Г. Gualano de Godoy ја потврди заложбата на УНХЦР, во кругот на своите надлежност да продолжи да ја поддржува Академијата.