СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА НОВОИЗБРАНИ СУДИИ ОД ОСНОВНИТЕ СУДОВИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОД ОСНОВНИТЕ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛСТВА

logo_asjo_

Во рамки на своите законски надлежности Академијата за судии и јавни обвинители организира специјализирана обука за новоизбрани судии од основните судови и јавни обвинители од основните јавни обвинителства, која концепциски е поделена во три дела, односно, програма за судиите кои постапуваат во кривични предмети, програма за судиите кои постапуваат во граѓански предмети и програма за јавните обвинители.

Обуките ќе се спроведат во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, во период од 15 септември до 26 септември 2025 година, со тоа што, обуките за судиите ќе започнат на 15 септември и ќе завршат на 19 септември, додека обуката за јавните обвинители ќе започне на 22 септември и ќе заврши на 26 септември 2025 година.

Темите за секоја програма се избрани согласно потребите на новоизбраните судии и јавни обвинители. Покрај темите од кривичната и граѓанската област, ќе бидат обработувани и теми посветени на етиката, односите со јавност и т.н.

За секоја од темите Академијата ангажираше правни практичари, судии и јавни обвинители, професори, новинари и т.н., кои имаат повеќегодишно практично искуство од избраната област.

Целта на овие обуки е да им се помогне на новоизбраните судии и јавни обвинители да ги надминат дилемите со кои се соочуваат во секојдневната работа со цел да бидат поефикасни во спроведувањето на судските постапки. Имајќи предвид дека станува збор за генерација која е произлезена од Академијата за судии и јавни обвинители, методологијата и техниките за успешна реализација на овие обуки, во најголем дел, ќе се базираат на судската пракса, како и следење на доследна имплементација на релевантната, важечка ЕУ регулатива за нашата држава.

Содржините на програмите беа разгледани од страна на членовите на Програмскиот совет, а истите, беа одобрени и од членовите на Управниот одбор на Академијата.

Програмата согласно која ќе се одвива кривичниот модул кој е наменет за судиите од основните кривични судови можете да ја преземете тука.

Програмата согласно која ќе се одвива граѓанскиот модул кој е наменет за судиите од основните граѓански судови можете да ја преземете тука.

Програмата наменета за јавните обвинители можете да ја преземете тука.