
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема:„Судско и јавнообвинителска етика: Етички дилеми поврзани со присуството на судиите и јавните обвинители на социјалните мрежи “, кое ќе се одржи, денес, 13 февруари 2025 година (четврток) во просториите на Академијата, Ламела I со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од судовите и јавни обвинители и јавнообвинителски стручни соработници од обвинителствата од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Наташа Сарамандова, јавен обвинител во ОЈО Скопје и м-р Илир Ирени, судија, заменик на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.