
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во рамките на соработка помеѓу Министерство за социјална политика, демографија и млади, Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалците на Обединети Нации (УНХЦР) и Министерството за внатрешни работи на РСМ организира советување на тема:„Постапување со деца жртви согласно најдобриот интерес на детето“, кое се одржува денес, 22 април (вторник) 2025 година во просториите на Академијата, Ламела I со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии, јавни обвнители, претставници на МВР на РСМ и Центрите за социјална работа од скопското апелационо подрачје.
Предавачи на советувањето ќе бидат д-р д-р Жаклина Просароска, Началник на Сектор за основна, континуирани и меѓународни обуки при МВР на РСМ, д-р Невена Петровска, советник за истражувања и анализи во ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје и г-а Маја Конеска, јавен обвнител во ОЈО Скопје.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.