СОВЕТУВАЊЕ „Нови пресуди врз основа на член 8 од Европската конвенција за човекови права(приватен и семеен живот)“

logo_asjo_

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема:„Нови пресуди врз основа на член 8 од Европската конвенција за човекови права(приватен и семеен живот)“, кое е предвидено да се одржи на 11 април  2025 година (петок) во просториите на Академијата, Ламела III со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од  граѓански и кривични  оддели на судовите, од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Лидија Димова, судија на ОС Велес, г-а Катерина Коларевиќ, јавен обвинител, во ОЈО za ГОКК и д-р Јелена Ристиќ, вонреден професор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања;

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.