
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираат советување на тема: „Сајбер криминал и електронски докази / Појава и казнивост на фишинг “, кое ќе се одржи на 08 ноември (петок) 2024 година во просториите на Академија-Ламела 1, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители од сите апелациони подрачја и претставници од МВР-сектор за компјутерски криминал.
Предавачи на советувањето ќе бидат: г-а Искра Хаџи Василева, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, г-а Ана Гоговска Јакимовска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје и г-а Маја Јованова, раководител на одделение за информатичка технологија од Управата за финансиско разузнавање.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.