
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Разлики и поврзаност на кривичните дела од членот 215, став 1; членот 395 и членот 396 од КЗ, како и со други кривични дела согласно измените на Кривичниот законик (Службен весник број: 188/23) “, кое ќе се одржи на 08 април 2025 година (вторник), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје и г-н Ѓорѓи Андонов, судија во Апелационен суд Штип.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.