СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Поим за односи со јавност и важноста на комуникацијата со јавноста“

logo_asjo_

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Поим за односи со јавност и важноста на комуникацијата со јавноста“, кое ќе се одржи на 01 јули (вторник) 2025 година, во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судиите, јавни обвинители  и стручните соработници од судовите/обвнителите, од сите апелациони подрачја.

  • Предавачи на советувањето ќе бидат Огнен Јанески, новинар, експерт за јавна комуникација и меѓународен консултант, обучувач и модератор со повеќегодишно искуство во медиуми, јавни настапи и стратешка комуникација;
  • Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар, експертка за односи со јавност и комуникациски стратегии во институционален и граѓански контекст;

            За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk.

            Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.