
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2025 година, организира советување на тема „Платни налози, издавање и судска постапка” кое ќе се одржи на 14 мај (среда) 2025 година со почеток од 10:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за судии од граѓански одели од апелационо подрачје Скопје, нотари, адвокати и извршители
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Наталија Донева, судија на Апелационен суд Скопје и г-н Марјан Коцевски, нотар.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса naile.aliu@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.