Советување на тема „Одмерување на парнични трошоци низ практични примери и ставови на повисоките судови,,

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година,  организира  советување на тема „Одмерување на парнични трошоци низ практични примери и ставови на повисоките судови кое ќе се одржи на  03 декември (вторник)  2024 година со почеток од  10:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Лидија Мартинова, судија на ВСРСМ ( во пензија) и г-а Татјана Сусулевска, судија на Апелационен суд Битола.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.