Советување на тема: „Надомест на материјална и нематеријална штета во работни спорови“

logo_asjo_

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Надомест на материјална и нематеријална штета во работни спорови“ кое ќе се одржи на 02 јули 2025 година (среда), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот. Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Бојана Велковска, судија во Основен граѓански суд Скопје и г-н Љупчо Спироски, судија во Апелационен суд Штип.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.