СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Надлежност на работното тело за управување со движење на предметите во судовите, годишен план, внатрешни процедури и список на кориснички групи“

logo_asjo_

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Надлежност на работното тело за управување со движење на предметите во судовите, годишен план, внатрешни процедури и список на кориснички групи“, кое ќе се одржи на 10 април 2025 година (четврток), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за раководители и членови на работни тела.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и м-р Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.