
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Изготвување на завршна сметка“ кое ќе се одржи на 30 јануари 2025 година (четврток), во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судски службеници кои се вклучени во изготвување на завршна сметка.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Силвија Јаневска од Судски совет на РСМ и г-н Зоран Јовановски од Виш Управен суд.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.