
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Вештини за раководење главна расправа и злоупотреба на процесни овластувања во парнична постапка “ кое ќе се одржи на 11 февруари 2025 година (вторник), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот. Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели од сите судови во РСМ.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Александар Шопов, судија во Апелационен суд Скопје и г-а Весна Трајанова, судија во Основен граѓански суд Скопје
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.