
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема:„Испитување на дете жртва пред јавен обвинител и во судска постапка“, кое е предвидено да се одржи на 21 февруари 2025 година (петок) во просториите на Академијата, Ламела I со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од судовите и јавни обвинители и јавнообвинителски стручни соработници од обвинителствата од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Елена Иваноска Миноска, јавен обвинител во ОЈО Скопје и м-р Душан Јосифов, судија на Основен кривичен суд Скопје
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.