РАБОТЕН СОСТАНОК НА МЕНТОРСКИТЕ ТИМОВИ НА АСЈО ЗА ПРИСТАПОТ НА ЖЕНИТЕ ДО ПРАВДАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

1

Во рамки на соработката на Академијата за судии и јавни обвинители и Проектот на Совет на Европа „Хоризонтал фасилити за Западен Балкан и Турција“ во период од 4 до 6 декември 2023 година во Будимпшета, Унгарија беше организирана обука за ментори под наслов: „Пристапот на жените до правдата во Западен Балкан“ на кој учествуваа: директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, државната советничка на Академијата, м-р Сања Пандилов, како и судиите: Кети Германова, од Основен граѓански суд Скопје, Наталија Донева, од Апелационен суд Скопје и јавната обвинителка, Наташа Гоџовска, од Вишо јавно обвинителство Скопје. На обуката присуствуваа претставници од сите правосудни академии во Регионот.

Резултат од учеството на оваа обука е денешниот работен состанок на менторските тимови кои се предводени токму од присутните на обуката во Будимпешта, а кој се одржа во просториите на Академијата, како дел од програмата за менторирање на Совет на Европа. Имено, секој од обучените ментори формираше свој тим од тројца колеги (судии и јавни обвинители) со кои понатаму ќе работат на развивање и спроведување на активностите на основно, средно и напредно ниво поврзани со:

  • Основно ниво: Женски пристап до правдата“, “родово слепа правда“, кои се бариерите
  • Средно ниво: Насилство врз жените; меѓународно право-домашни судови; домашна судска пракса
  • Напредно ниво: Идеи за елиминирање на родови стереотипи; користење родово сензитивни практики; евалуација.

Воведниот дел на работниот состанок започна со презентацијата на диркторката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска која исто така има свој тим, а ќе ги предводи и останатите три тимови.

Целта на менторството е преку менторска помош кон менторираните, да се идентификуваат, анализираат и санираат можните пречки за еднаков, недискриминирачки пристап кон правдата на жените (родово сензитивен пристап).

Завршувајќи со презентацијата на активностите кои ќе следат во тековната 2024 година таа рече:

„Целиме кон правосудство кое е хумано, родово сензитивно, недискриминаторско во постапувањето и води сметка за вулнерабилните групи кои би можеле да бидат учесници во постапките. Менторирањето е всушност колегијална консултација на посениорни и поискусни колеги кон помладите, преку што се остварува континуитет во професионалната размена на искуство.“

Овие пет менторски тимови ќе имаат низа активности, чија реализација ќе биде следена од страна на Совет на Европа и по успешното менторирање на крајот од годината ќе добијат сертификати.