Работен состанок на заменикот на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители со претставници на Совет на Европа

viber_image_2024-08-21_11-32-19-495

На ден 21.08.2024 година, заменикот на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, м-р Илир Исени одржа работен состанок со претставници на Совет на Европа, Елена Јовановска – Брезоска, раководител на Одделението на Југоисточна Европа и Ирена Цуцулоска Јакимовска, Виш раководител на проект, по повод претстојната обука на обучувачи за член 5 од Европската Конвенција за човекови права, која Академија за судии и јавни обвинители ќе ја спроведе на деновите 14 и 15 октомври 2024 година,  во соработка со Совет на Европа. На состанок беше потенцирано големото значење на оваа обука и потребата во иднина, предавачите со стекнатато знаење од обуката да обучуваат други судии и јавни обвинители, a заменикот на директорот на АСЈО истакна дека АСЈО ќе вложи напори во иднина самостојно да спроведува обуки на оваа тема.

Исто така, стана збор и за евентуална идна соработка на Советот на Европа и Академијата во рамки на нов проект за поддршка на извршувањето на пресудите на ЕСЧП, како и во рамки на други проекти и за спроведување на ad hoc обуки за теми поврзани со Европската конвенција за човекови права.

Заменикот на директорот го потенцираше значењето на пресудите на Европскиот суд за човекови права и потребата за нивна ефикасна имплементација во правниот поредок на РСМ. Тој ги информираше претставниците на Советот на Европа дека Академијата и понатаму ќе остане партнер институција и ќе продолжи да соработува и да ги поддржува сите активности кои ги спроведува Советот на Европа, а кои ќе значат унапредување на ефикасноста на правосудниот систем.