Работен состанок во рамки на проектот „Организациски план за ефикасно и економично постапување“

DSC_0787

На 21 јануари 2025 година,Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” во соработка со Амбасадата на САД во Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во рамки на проектот „Организациски план за ефикасно и економично постапување“, одржа  работен  состанок, на кој присуствуваа заменик амбасадорката на Соединетите Американски држави  во РСМ,  г-а Никол Варнс, претставник од Мисијата на OБСЕ во Скопје, г. Франц Петучниг, претседателот на Судскиот совет на РСМ, г. Александар Камбовски, шефот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, г. Ислам Абази, како и судии, јавни обвнители, професори, адвокати и претсавници на Невладината организација, Коалиција сите за правично судење.

На состанокот,  се дискурираше за динамиката на кривичните судски постапки,  во насока на подобрување на правниот систем и осигурување брзо и ефикасно правосудство.  Побрзото решавање на судските  постапки  е во насока на   подобрување на ефикасноста и економичност во испорачување на правдата, која сите граѓани на РСМ ја заслужуваат.