
Во просториите на Академијата, директорот на Академијата, јавен обвинител, Ирина Трајкоска Стрезоски и заменик директорот на Академијата, судија, м-р Илир Исени одржаа работен состанок со претставници на Проектот на ЕУ за поддршка за владеење на правото во Северна Македонија: Д-р Grzegorz Borkowski, лидер на компонента и Боро Иловски.
Имено, станува збор за проект чија цел е зајакнување на владеењето на правото преку обезбедување на поддршка на релевантните институции во спроведувањето на законите, борбата против корупцијата, промоција и заштитата на основните и човековите права. Проектот е подделен на 4 конкретни цели: Подобрување на капацитетите на правосудните институции за спроведување правда на транспранетен и отчетен начин; Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на современите истражни техники во борбата против организираниот кирминал; Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата и Зајакнување на заштитата на основните права.
Имајќи ја предвид улогата на Академијата во правосудниот систем на Северна Македонија, како и нејзините клучни професионални заложби од кои најзначајни сегменти се развојот и унапредувањето на програмите за континурана и почетна обука, првите луѓе на Академијата, побараа експертска помош за креирање на помодерна програмата за континурана едукација, бидејќи повеќето од проектните активности кои се однесуваат на Академијата ќе се реализираат токму низ таа програма. Со оглед на фактот дека достапноста до онлајн обуките, посебно, после 2021 година и глобалната здравствена криза се зголеми, директорката на Академијата, побара помош во зголемување на едукативните активности кои би се реализирале преку онлајн платформи. Таа истакна дека Академијата има соработката на ова поле со АИРЕ центарот, ХЕЛП, Академијата за европско право (ЕРА) и т.н., но сепак, има простор за многу поширока и поинтензивна соработка, доколку се земе предвид и покажаниот интерес од целните групи на Академијата.
Првите луѓе на Академијата со претставниците на проектот ги споделија и дел од планираните активности на Академијата со кои ќе ја засили својата транспарентноста на меѓународната сцена, а една од нив е повторното приклучување, односно, учество на ТЕМИС натпреварот кој се смета за еден од најпрестижните во областа на правото, во ЕУ, а кој е неменет за слушателите на програмата за почетната обука во земјите од ЕУ, вклучувајќи го и регионот.
Претставниците на ЕУ изразија подготвеност за пресретнување на потребите на Академијата и пружање на соодветна помош во реализација на нејзините професионални цели во рамки на Компонентата 1 од Проектот.