
Членовите на Програмскиот совет на Академијата, на 28 февруари 2025 година, преку ЗООМ платформата, одржаа онлајн работен состанок. Работниот состанок го отвори директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, откако констатираше дека сите членови се присустни и дека се исполнети условите за работа на состанокот.
На работниот состанок присуствуваше и заменик директорот на Академијата, судија, м-р Илир Исени кој ја образложи точката која беше предложена и се разгледуваше на овој состанок.
Работниот состанок беше свикан со цел да се разгледа образецот за Планот за обука, кој е изработен од страна на заменикот директор на Академијата, судија, м-р Илир Исени, во соработка со директорката на Академијата и вработените од секторот за континуирана обука. Идејата за овој образец за План на обука произлезе од дискусијата на дванаесетата седница на ПС, која се одржа на 09.01.2025 година, а на која беше потенцирано дека мора да се најде начин како да се подигне квалитетот на предавањата во АСЈО. Заклучокот беше дека мора да се изнајде форма и содржина која ќе биде унифицирана и која ќе служи како пример за тоа како треба секој предавач на АСЈО да се подготвува за своето предавање.
Откако членовите на Програмски совет ги дадоа своите мислења во однос на образецот за планот за обука, одлучија дека оваа инцијатива на Академијата заслужува повеќе внимание, па од тие причини, истите ќе го разгледаат планот и ќе се обидат да дадат свои конкретни забелешки за можна корекција или пак дополнување на неговата содржина и форма.