Одржано советување под наслов: „ЕУ регулатива за вештачка интелигенција-начин на пристап, предизвици и ризици во кривичната постапка“

DSC_0205

Академијата за судии и јавни обвинители континуирано покажува интерес за следење и организирање на едукативни настани кои ќе бидат посветени на актуелни теми од областа на правосудството, со посебен фокус на правото на ЕУ. Токму во таа насока, денес (20 октомври 2025 г.), во просториите на Академијата беше одржано советување под наслов „ЕУ регулатива за вештачка интелигенција-начин на пристап, предизвици и ризици во кривичната постапка“, на кое учествуваа судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

На темата, со присутните, своите професионални искуства ги споделија: Душан Дакиќ,  судија во Основен суд Нови Сад, Србија и Владимир Милошевски, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје.

Употребата на вештачката интелигенција повеќе не е избор туку реалност која го менува работниот процес на глобално ниво. За таа цел, на денешното советување националните судии и јавни обвинители имаа можност да се запознаат со базичните концепти на вештачката интелигенција и нејзината примена во судските постапки со цел зголемување на нивната ефикасност и ефективност.

Националните правни практичари треба да бидат подготвени успешно да одговорат на предизвиците кои го носи со себе вештачката интелигенција, која патем, брзо се менува и развива, па оттука, учесниците низ дискусија со експертите имаа можност да ги идентификуваат клучните сегменти на кои и во иднина ќе треба да се работи за да се надминат можните ризици, но истовремено, и да ги искористат придобивките од вештачката интелигенција.