Одржана обука за регресни спорови според Закониот за задолжително осигурување во сообрајќајот

DSC_0245

Во просториите на Академијата, на 23 септември 2026 година, согласно Каталогот на обуки за 2026 година, се одржа обука на тема: Регресни спорови според Законот за задолжително осигурување во сообраќајот“.

Обуката беше наменета за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја, а ја реализираа: Дара Арсова, судија на Основен суд Велес и м-р Ерол Абдулаи, судија на Основен граѓански суд Скопје.

Целта на обуката беше унапредување на знаењата и практичната примена на одредбите од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот во делот на правото на регрес, преку разработка на неговата содржина и условите под кои тоа право се остварува.

Во рамки на обуката беа разгледани и спорни правни прашања што се појавуваат во судската практика, со посебен акцент на значењето на правилното утврдување на релевантните факти за донесување законити и правилни одлуки во споровите за регресни побарувања.

Предавачите дадоа осврт на релевантните законски одредби со кои се уредува задолжителното осигурување во сообраќајот, по што беа презентирани правни мислења, примери од судската пракса и прашања од практично значење поврзани со регресните спорови.

Обуката овозможи размена на искуства и дискусија за прашањата со кои судиите се соочуваат во практиката, со цел унапредување на примената на релевантната  правна рамка во постапувањето по регресни побарувања.