На 28 ноември 2025 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, а како дел од Програмата за судските и јавнообвинителските службеници беше организирана обука за достава на писмена.
Обуката ја спроведоа м-р Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид и м-р Радмила Стаматовска, раководител на одделение во Основен кривичен суд Скопје, а истата беше наменета за судски доставувачи, записничари и службеници од писарница од сите судови во РСМ.
Целта на обуката беше учесниците да стекнат јасно практичко и применливо знаење за правилата, постапката и значењето на доставата на писмената во судските постапки, со цел да се обезбеди законито, ефикасно и правично спроведување на постапката. Обуката имаше за цел да го објасни правниот основ за доставување писмена и обврските на судот, странките и другите учесници во постапката, да ги разјасни видовите достави (редовна, лична, електронска, преку пошта, преку судски доставувач, замена достава итн.), да ги утврди правните чекори и практични постапки при подготовка, извршување и евидентирање на доставата, да укаже на честите грешки и неправилности кои доведуваат до повреда на правото на одбрана или правото на правична постапка, да ја нагласи важноста на доставата за валидноста на сите понатамошни процесни дејствија, да развие практични вештини кај учесниците за препознавање на неправилна достава и постапување во такви ситуации.

