
Правни дилеми од пракса, етика, односи со јавност и како до поефикасна правда се дел од темите на кои новоизбраните јавни обвинители од основните јавни обвинителства, од осмата генерација на Академијата разменија мислења и споделија искуства со националните правни практичари кои беа ангажирани од страна на Академијата за реализацијата на оваа обука.
Специјализраната обука е задолжителна и ја организира Академијата за судии и јавни обвинители со цел унапредување на вештините и надминување на правните предизвици со кои се соочуваат на почетокот на својата кариера новизбраните судии и јавни обвинители.