Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на ден 21.09.2026 година (понеделник), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 13:00 часот, во полн состав, ја одржа 253-та седница на која:
- Едногласно беше усвоен Записник од 251 седница на Управниот одбор одржана на 10 јули 2026 година;
- Едногласно беше усвоен Записник од 252 седница на Управниот одбор одржана на 20 август 2026 година;
- Во однос на точката од дневниот ред која се однесуваше на назначување на член на Програмски совет на Академијата за судии и јавни обвинители од редот на редовните и вонредените професори по правни науки со академско звање доктор на науки, истата беше одложена за следната седница од причина што кратките биографии на дел од оние кои поднеле пријави не беа доставени и на македонски јазик.
- Согласно член 15 став 2 од Праилникот за континуирана обука членовите на УО беа запознаени со Каталог на обуки за 2027 година, кој претходно беше изготвен од страна на членовите на Програмскиот совет.
- Под точката разно директорката на Академијата ги информираше членовите на УО за писмото за поддршка кое стигна до Академијата од страна на Регионалната иницијатива за антикорупција (РАИ). Станува збор за барање за поддршка на предлог Проект ЕУ интегритет- имплементација на Европските антикорупциски стандарди за јакнење на институционалниот интегритет и демократскиот одговор. Поддршката Академијата ја изразува со потпишување на писмо за поддршка. Ова писмо за поддршка не создава никакви правни или финансиски обврски за Академијата, ниту пак претставува обврска за примање или управување со средствата за проектот. Тоа го одразува интересот на Академијата да го поддржи Проектот ЕУ-Интегритет и да придонесе кон негова успешна реализација, во рамките на важечкото нацонално законодавство, институционалните процедури, оперативната доверливост и расположливите ресурси.

