Известување од одржана 246-та седница на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители

logo_asjo

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на ден 18.03.2026 година (среда), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 14.00 часот ја одржа 246-та седница, на која:

  1. Беа усвоени: Записник од 245-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители; Годишен извештај за работата на Академијата за судии и јавни обвинители за 2025 година и Програма за работа на Академијата за судии и јавни обвинители за 2026 година.
  2. Точката од дневниот ред за определување на предавачи, беше одложена за наредната седница на Управниот одбор, закажана за 07.04.2026 година.
  3. По однос на точката од дневниот ред за дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2026 година на Академија за судии и јавни обвинители број 02-17/5 од 26.01.2026 година, директорката на Академијата, го информираше Управниот одбор на Академијата за законската услогласенот и спроведеното истражување на пазарот, по што беше донесен Заклучок оваа точка да истата се разгледа повторно по достава на Извештајот од спроведената ревизија од страна на Државниот завод за ревизија.
  4. Под точката разно, директорката на Академијата го извести Управниот одбор во однос на:
  • присуство на Поткомитет за правда слобода и безбедност;
  • доставена Одлука од Советот на јавни обвинители број 02-33/2 од 25.02.2026 за слободни јавно обвинителски места за академска 2027/2029 година;
  • потребата од склучување на договор со Министерството за дигитална трансформација за спроведување на електронско тестирање;
  • поведена постапка од страна на Уставниот суд на РСМ за оцена на уставноста на член 1 став 3 од Законот за судскиот буџет, во делот ,,Академија за судии и јавни обвинители’’.

Под точката разно, а врз основа на член 11 став 1 алинеја 21, беше побарано мислење од Управниот одбор во однос на 24 месечен проект за судска обука – ACCESS-JUST – Поддршка за пристапување кон дигитална правда и корпоративна одговорност координиран од Регионалниот центар на УНДП во Истанбул, на што Управниот одбор даде позитивно мислење.