Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на ден 23.02.2026 година (понеделник), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 14.00 часот ја одржа 245-та седница, на која:
- Беа усвоени записниците од 243-та и 244-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Беше усвоена Завршната сметка на Академијата за судии и јавни обвинители за 2025 година.
- Беше донесен годишен Финансиски план за 2026 година.
- Беше донесена Стратегија на Академијата за судии и јавни обвинители за 2026-2030 година.
- Беше дополнета листата на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители со 16 нови предавачи.
- Под точката разно, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, побара мислење од Управниот одбор за:
- поднесување на проектен предлог со наслов Digital Judicial Cooperation in EU Civil, Consumer and Family Law (DIGICIVIL) во рамки на повикот JUST-2026-JTRA – Акциски грантови за транснационални проекти за обука на правосудни професионалци и
- соработка со CEELI институтот со кој што Академијата веќе има воспоставена соработка, во однос на воспоставување можност за учество на обуки за дигитална правда од страна на судии, во рамки на повикот JUST-2026- JTRA.
По однос на наведените известувања, Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители даде позитивно мислење.

