
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 08.08.2025 година (петок), ја одржа 237-та седница, на која:
- Беше усвоен Записникот од 236-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Беше констатиран престанок на мандатот на Андреја Весов како член во Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители, на негово барање, по што беше задолжена Академијата да се обрати до Министерството за правда на РСМ со барање за назначување нов член во Програмскиот совет најдоцна во рок од 30 дена од денот на донесувањето на одлуката за престанок на мандатот.
- Под точката разно беше извршена корекција на Планот за јавни набавки за 2025 година, така што беше прецизиран називот на една јавна набавка и тоа од зборот ,,сервер’’ во ,,серверска и мрежна опрема’’.