
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 16.07.2025 година (среда), ја одржа 236-та седница, на која:
- Беше усвоен Записникот од 235-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Беше назначена судија Сузана Дончевска, судија на Основен граѓански суд Скопје, за заменик член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, по доставена номинација од Здружение на судии на РСМ.
- Членовите на Управниот одбор, согласно член 11 став 1 алинеја 22 беа запознаени со донесени Правилници за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на Академијата за судии и јавни обвинители број 04-106/1 од 20.02.2025 година и број 04-106/5 од 02.06.2025 година.
- Беше разгледана Одлука за назначување на Андреја Весов за член во Програмски совет на Академијата за судии и јавни обвинители, донесена од Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 24.06.2025 година, по што Управниот одбор на Академијата ја задолжи Академијата да се обрати до Министерството за правда на РСМ, по однос на исполнетоста на условот од член 19 став 3 алинеја 3 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители (,,Службен весник на РСМ’’ број 129/2023 и 53/2024).
- Членовите на Управниот одбор беа запознаени со динамиката за реализација на Годишниот план за јавни набавки за 2025 година, по што беше извршено дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2025 година.
- Точката од дневен ред која се однесуваше на подготовка на предлог текст на Статут на Академијата за судии и јавни обвинители беше одложена.
- Под точката разно, членовите на Управниот одбор беа известени за:
- донесена Одлука од Уставен суд на РСМ, за укинување на член 17 став 3 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители, по што беше донесена одлука за ставање вон сила на Правилникот за додатоци на директор и заменик на директор број 02-96/7 од 16.02.2024 година, донесен врз основа на член 17 став 3 од ЗАСЈО, како и беше споделена информација за поведени постапки пред Уставниот суд за оценување на уставноста на дополнителни три члена од истиот закон.
- доставено барање и одговор на барање за информација од јавен карактер во врска со назначувањето на Андреја Весов за член во Програмски совет на Академијата за судии и јавни обвинители;
- допис од Академија до Министерство за правда на РСМ во врска со План за раст на Западен Балкан 2024-2027 каде Академијата е опфатена во реформата 5.2.1 преку чекор – Слободните позиции за судиите и обвинителите се пополнуваат редовно врз основа на проекциите на СС и СЈО по спроведувањето на стратегиите за управување со човечки ресурси во судовите/ЈО (PP0s) (декември 2024 година и повторно во декември 2026 година);
- уредба за спроведување и контрола на инструментот за реформи и раст на Западен Балкан, донесена од Владата на РСМ на 20 мај 2025 година;
- доставена табела до Министерство за правда на РСМ во врска со Планот за раст;
- доставено барање за измена на Законот за Академија за судии и јавни обвинители до Министерството за правда на РСМ.