
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 24.06.2025 година (вторник), ја одржа 235-та седница на која:
- Беше усвоен записникот од 234-та седница на Управниот одбор на Академијата;
- За член на Програмскиот совет, по номинација од Министерството за правда на РСМ беше назначен Андреја Весов, посебен советник на Министерот за правда;
Третата точка од дневниот ред која се однесуваше на подготовка на предлог текст на Статут на Академијата за судии и јавни обвинители, беше одложена за првата наредна седница на Управниот одбор.
Под точката разно, директорката на Академијата ги извести членовите на Управниот одбор дека е пратена е ургенција за назначување на заменик член во УО од Здружение за судии, на местото на судија Дитурие Елези Незири но Академијата сеуште нема добиено одговор.