
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 30.12.2024 година, веднаш по конститутивната 226-та седница одржа итна 227-та седница на која:
- Беше донесен Деловник за работа на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители;
- Беше донесена одлука за објавување на оглас за избор на заменик на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители;
- Беа утврдени: општа програма за контиунуирана обука за судии и јавни обвинители и специјализирана програма за доброволна континуирана обука 2025/2026, специјализирана програма за обука на судии поротници, каталогот за обуки за 2025 година;
- Управниот одбор беше запознаен со временската динамика за текот на завршниот испит за 8-та генерација на слушатели на почетна обука во Академијатa.